Фотографиите од ерменска страна ги направи Арис Месинис, а Булент Килич од Азербејџан
На првите линии околу Нагорно Карабах
Агенцијата АФП има двајца свои најискусни фотографи кои работат на двете страни на конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан. Ова е она на што тие беа сведоци откако на 27 септември избувна последниот судир над отцепениот азербејџански регион Нагорно Карабах.

9
Член на Хало Труст, невладина организација за чистење мини, инсталира знак со предупредување за неексплодирана ракета во двор во Степанакерт на 14 октомври.

10
Роднините на Ројал Саназаров, Зулејха Саназарова и нивната ќерка Медине Сахназорава, кои беа убиени кога ракета го погоди нивниот дом во Гања, жалат за време на погребот на 17 октомври.

11
Мајка жали за својот син, завиткан во знамето на Нагорно Карабах, кој е меѓународно признат како азербејџанска територија, но претежно е населен со етнички Ерменци, за време на неговиот погреб во Степанакерт на 17 октомври.

12
Уништен тенк во Џабраил, откако градот го освоија азербејџанските сили, фотографиран од автомобил на 16 октомври.