Велика Британија, една од најтешко погодените земји од коронавирусот на 8 декември ја започна својата кампања за вакцинација, клучен чекор во борбата против пандемијата. Домашните негуватели, вработените во здравствените установи и луѓето на возраст над 80 години се први на листата.
Како се одвива вакцинирањето против ковид-19 во Британија

5
Медицинската сестра Кети Мекинтош и медицинска сестра Фиона Черчил, во Западната општа болница, во Единбург, Шкотска, 8 декември 2020 година.

6
Лекар и медицинска сестра полнат игла со вакцината против ковид-19 пред да ја инјектираат сестрата Јоана Слоун (лево), првата личност во Северна Ирска што ја прими првата од двете вакцини, во болницата Кралската Викторија, во Белфаст, Северна Ирска, Велика Британија, 08 декември 2020 година.

7
Вакцини и свеж шприц се меѓу опремата што се гледа на послужавниците во болницата „Луиза Џордан“ во Глазгов на 8 декември 2020 година.

8
Член на медицинскиот персонал проверува вакцина во фрижидер во Универзитетската болница, на првиот ден од најголемата програма за имунизација во британската историја, во Ковентри, Велика Британија на 8 декември 2020 година.