Надреални сцени во главниот град на Авганистан, додека исламските екстремисти кои ја презедоа контролата врз Авганистан одржуваат состаноци за образованието на жените и патролираат по улиците на Кабул со американско оружје.
Во Кабул под Талибанците

5
Напуштено американско оклопно возило во Кабул на 29 август.
Американските сили оставија зад себе воена опрема вредна милијарди долари додека се евакуираа од Авганистан - голем дел од тоа оружје беше наменето за авганистанската национална армија. Современото оружје сега падна во рацете на Талибанците.

6
И покрај ризиците, некои училишта повторно почнаа настава. Овие ученици и нивната наставничка во средно училиште во Кабул беа фотографирани на 30 август.

7
Воен авион полетува од аеродромот во Кабул на 27 август. Конечната евакуација на преостанатите американски војници во Кабул треба да заврши на 31 август.

8
Толпи пред затворената филијала на една кабулска банка на 28 август. Откако Талибанците ја презедоа власта во Кабул, многу владини згради, банки, училишта и универзитети останаа затворени. Како што растат цените, сѐ потешко се доаѓа до пари.