Достапни линкови

Вести

Преговорите за изборните реформи во БиХ завршија без договор

претставниците на ЕУ и САД, Анџелина Ајхорст и Метју Палмер
претставниците на ЕУ и САД, Анџелина Ајхорст и Метју Палмер

Тридневните разговори меѓу претставниците на хрватските и бошњачките партии од Босна и Херцеговина со посредство на меѓународни претставници во Неум, завршија без конечен договор на со приближени позиции. Разговорите кои беа со посредство на претставниците на ЕУ и САД, Анџелина Ајхорст и Метју Палмер имаа за цел да се постигне договор за измените на изборниот закон. „Постигнат е напредок. Тоа ветува и што е најважно, разговорите продолжуваат. Има малку време да се реши проблемот, но се надевам дека ќе се постигне договор“, рече директорот за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи ЕЕАС Анџелина Ајхорст.

Преговорите за изборната реформа во БиХ од Сараево се селат во Неум

Претставниците на ЕУ и САД повторно во БиХ

Таа додаде дека разговарале за конкретни модели на избор за Претседателството на БиХ, но и за техничкиот аспект на изборите. Најспорни прашања во преговорите се изборот на членови на Претседателството на БиХ и изборот во домовите на народот, на кои со години се спротивставуваат позициите на хрватската и бошњачката партија. Рокот за измени на изборното законодавство е мај 2022 година, кога се очекуваат општите избори во БиХ.

види ги сите денешни вести

Аракчи: Преговорите меѓу Иран и САД нема да се обноват брзо

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ја исклучи можноста за брзо продолжување на разговорите со САД откако претседателот Доналд Трамп изјави дека во моментов не разговара со Иран, менувајќи го својот став дека разговорите со Техеран ќе се обноват оваа недела.

Во интервју за телевизијата Си-Би-Ес , Аракчи беше прашан за коментарот на Трамп минатата недела дека преговорите за нуклеарната програма на Иран се неизбежни.

„Не мислам дека преговорите ќе се обноват толку брзо. За да одлучиме повторно да се ангажираме, прво ќе мора да се осигураме дека Америка нема да се врати на воен напад врз нас за време на преговорите“, рече иранскиот министер за надворешни работи во интервјуто за американската телевизија Си-Би-Ес.

Потребно е повеќе време за да се разгледаат сите точки, рече тој, додавајќи: „вратите на дипломатијата никогаш нема да се затворат“.

САД и Иран одржаа пет рунди индиректни разговори за нуклеарната програма на Техеран пред разговорите да пропаднат и Израел да започне воздушни напади врз иранските нуклеарни локалитети и воена инфраструктура на 13 јуни.

САД се придружија на нападите на Израел на 22 јуни кога бомбардираа три клучни ирански нуклеарни локалитети, вклучувајќи го и силно утврдениот подземен објект во Фордоу.

Аракчи беше прашан во интервјуто и за проценката од шефот на нуклеарното надзорно тело на ОН дека Иран веројатно ќе може да почне да произведува збогатен ураниум за неколку месеци.

„Не може да се уништи технологијата и науката за збогатување преку бомбардирања“, рече тој.

Доколку има волја од страна на Иран, земјата „ќе може брзо да ги поправи штетите и да го надомести изгубеното време“, додаде тој.

Во објава на неговата платформа Truth Social на 30 јуни, Трамп напиша дека „не му нуди ништо на Иран, ниту пак разговарам со нив бидејќи „целосно ги уништивме нивните нуклеарни објекти“.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бакаеи, претходно на 30 јуни ја обвини администрацијата на Трамп дека има навика да ги менува позициите.

„Овие постојани промени и мешани сигнали, кои станаа редовен модел на однесување на САД во текот на изминатите три или четири месеци, едноставно не се нешто на што можеме да се потпреме“, рече тој на својот неделен брифинг за медиумите.

Обемот на штетата врз нуклеарната програма на Иран за време на 12-дневната војна со Израел останува нејасен. Иран вели дека неговите нуклеарни постројки претрпеле големи штети, но вети дека ќе продолжи со својата програма, за која тврди дека е мирна.

Според договорот од 2015 година постигнат со САД и другите светски сили, на Иран му беше дозволено да збогатува ураниум под чистота од 3,67 проценти за гориво што се користи во нуклеарните централи.

Трамп го напушти договорот во 2018 година, а Иран одговори со производство на ураниум збогатен до 60 проценти, ниво над оние за цивилна употреба, но сепак под степенот за создавање на оружје.

Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), на 30 јуни изјави дека е многу веројатно дека чувствителните центрифуги што се користат за збогатување на ураниум во Фордоу се сериозно оштетени. Но, тој рече дека Иран би можел да продолжи со збогатувањето на ураниум „за неколку месеци“.

„Искрено кажано, не може да се тврди дека сè исчезнало и дека таму нема ништо“, рече тој.

Тој исто така рече дека има индикации дека Иран можеби преместил дел од својот збогатен ураниум пред американските напади. Гроси рече дека Иран го информирал на 13 јуни дека презема мерки за заштита на својата нуклеарна опрема и материјали. Иако не даде детали, тој рече дека тоа сугерира дека е дел од материјалите се преместени.

Трамп вели дека ниту му нуди „нешто“, ниту пак разговара со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не му нуди ништо на Иран, ниту пак разговара со него бидејќи како што рече, „целосно ги уништивме“ нуклеарните капацитети на земјата.

„Не му нудам на Иран НИШТО, за разлика од Обама. Ниту пак разговарам со нив бидејќи целосно ги УНИШТИВМЕ нивните нуклеарни капацитети“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Изјавата доаѓа откако заменик-министерот за надворешни работи на Иран изјави за Би-Би-Си дека разговорите меѓу Вашингтон и Техеран не можат да продолжат освен ако САД не ги отфрлат понатамошните напади врз Иран.

Маџид Тахт-Раванчи за британскиот радиодифузер изјави дека САД сигнализирале дека сакаат да се вратат на преговарачката маса, една недела откако нападнаа три ирански нуклеарни капацитети.

„Не сме се согласиле за никаков датум, не сме се согласиле за начинот. Во моментов бараме одговор на ова прашање. Дали ќе видиме повторување на чин на агресија додека водиме дијалог?“, рече Тахт-Раванчи.

САД треба да бидат „сосема јасни за ова многу важно прашање“, рече тој.

Двете земји беа во преговори за нуклеарната програма на Техеран кога Израел овој месец ги нападна иранските нуклеарни постројки и воената инфраструктура, а САД се придружија со бомбардирање на три нуклеарни постројки - Фордо, Натанц и Исфахан - на 21 јуни.

Заменик-министерот откри за Би-Би-Си дека САД сигнализирале дека „не сакаат да се вклучат во промена на режимот“ со тоа што го таргетирале врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Тахт-Раванчи, исто така, рече дека на Иран сè уште треба да му биде дозволено да збогатува ураниум.

„Нивото и капацитетот за тоа може да се дискутира, но да се каже дека не треба да имате збогатување, треба да имате нула збогатување, а ако не се согласите, ќе ве бомбардираме, тоа е закон на џунглата“, рече тој.

Израел тврди дека нуклеарната програма на Иран е блиску до производство на бомба, додека Техеран вели дека е за мирни цели.

Сè уште не е јасно колку штета нанеле нападите врз нуклеарните постројки на Иран, за кои Трамп рече дека се „целосно уништени“.

Шефот на нуклеарното надзорно тело на ОН, Рафаел Гроси, изјави дека Иран веројатно ќе може да почне да произведува збогатен ураниум „за неколку месеци“.

Тахт-Раванчи рече дека не знае колку време ќе биде потребно за тоа.

Според договорот од 2015 година, на Иран му беше дозволено да збогатува ураниум под чистота од 3,67 проценти за гориво за комерцијални нуклеарни централи.

Трамп го напушти договорот во 2018 година, а Иран одговори со производство на ураниум збогатен до 60 проценти - над нивоата за цивилна употреба, но сепак под степенот за развој на оружје.

Тој материјал, доколку се рафинира дополнително, теоретски би бил доволен за производство на повеќе од девет нуклеарни бомби.

ЕУ ги продолжи економските санкции за Русија за уште шест месеци

илустрација
илустрација

Советот на ЕУ ги продолжи за уште 6 месеци, до 31 јануари 2026 година, економските рестриктивни мерки на Унијата воведени поради континуираните активности на Русија насочени кон дестабилизација на состојбата во Украина.

Овие санкции опфаќаат широк спектар на секторски мерки, кои вклучуваат ограничувања во трговијата, финансиите, енергијата, технологијата, стоките со двојна намена, индустријата, транспортот и луксузните стоки.

Тие, исто така, опфаќаат забрана за увоз или трансфер на сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, исклучување на неколку руски банки од СВИФТ системот и суспензија на активностите и акредитациите на неколку медиуми поддржани од Кремљ.

Дополнително, пакетот опфаќа и специфичните мерки за справување на заобиколувањето на санкциите.

„Доколку со илегалните активности на Руската Федерација продолжи кршењето на основните правила на меѓународното право, вклучително, пред се, на забраната за употреба на сила, соодветно ќе останат во сила сите мерки воведени од ЕУ и доколку е потребно ќе бидат преземени и дополнителни мерки“, се наведува во соопштението на Советот.

Овие економски мерки беа воведени на 31 јули 2014 година, по што беа значително проширени од февруари 2022 година како одговор на руската агресија врз Украина.

Муртезани: Средствата од Планот за раст за Западен Балкан не се под закана

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани

Целиот просек во регионот за исполнетост на реформската агенда од Планот за раст за Западен Балкан е околу 50-60 проценти успешно спроведени реформи. Тоа што се гледа сега е дека процентот на имплементирање со реформите во јуни ќе биде малку понизок од тој што беше во декември, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани на денешната прес-конференција (30 јуни) на која даде отчет за сработеното во изминатата година.

Европските средства, според Муртезани не се под закана, сепак додавајќи дека би можеле да бидат, ако во дополнителниот рок од 12 месеци не се завршат успешно потребните реформи.

„Тоа значи дека во јуни во 2026 година ќе бидат под ризик, бидејќи тогаш ќе ги изгубиме, но дотогаш средствата ќе ни бидат на располагање“, увери Муртезани.

За планот од петте чекори со рок до декември, кој беше пролонгиран до февруари 2025, Муртезани рече дека се чека формалниот извештај, кој треба да биде готов до крајот на месецот.

„Согласно тоа што ќе помине како успешно спроведена реформа, нормално дека ќе ни бидат исплатени и финансиските средства предвидени за тие реформи“, изјави Муртезани.

Во однос на реформите со рок до јуни 2025, Муртезани повика да се почека уште еден ден.

„Претходната недела и денес сме во интензивна комуникација со сите институции. Тоа што претходниот пат беше како слабост значи, сите насоки за финализирање на чекорите стигнаа буквално после крајниот рок за спроведување на реформите. Сега има малку појасна слика, меѓутоа појасната слика значи дополнително покомплексен процес“, рече тој.

Муртезани посочи дека Владата донела Одлука за структурата за имплементација, и според неа, министрите во однос на нивниот домен се надлежни за спроведувањето на реформите.

Според Муртезани, не сите чекори се реформи, посочувајќи дека во Министерството за економија и труд има неколку чекори кои што не се поврзани со закони и до истекување на рокот, можно е исполнување на уште некој дополнителен чекор.

„Откако формално ќе помине извештајот и ќе имаме појасна слика, ние со премиерот на тематски средби редовно го следиме процесот на евроинтеграција, ќе видиме кои се причините, ако е нешто каде што Владата може да интервенира да се забрза, секако тоа ќе го направиме“, рече Муртезани.

Во однос на критиките во последниот Извештај на ЕК дека СЕП го нема капацитетот да се носи со процесот и за тоа што е направено годинава, Муртезани рече дека, тоа е заклучок што се повторува неколку години наназад и дека таа забелешка е дојдена како резултат на високиот одлив на кадар, премногу ниските плати и проблемот со привлекување на професионален кадар.

Очекува тоа да се реши со новиот Закон за административни службеници и дополнителни вработувања во Министерството за европски прашања.

САД и Канада ги продолжуваат трговските преговори

илустрација
илустрација

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека трговските преговори со САД продолжуваат откако Канада го повлече својот план за воведување даноци врз американските технолошки компании.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно во петок, 27 јуни, објави дека ги прекинува трговските преговори со Канада поради нејзините планови за воведување царини на американските технолошки компании и го нарече потегот на Канада директен и флагрантен напад врз САД.

Канадската влада синоќа (29 јуни) објави дека, во очекување на трговски договор, Канада ќе го повлече својот данок на дигитални услуги што требаше да стапи на сила до денеска 30 јуни, објави АП.

Канадскиот премиер Карни и Трамп разговараа по телефон на 29 јуни, а канцеларијата на Карни соопшти дека се согласиле дека трговските разговори ќе продолжат.

„Денешното соопштение го поддржува продолжувањето на преговорите со целен датум од 21 јули 2025 година, поставен на самитот на Г7 овој месец во Кананаскис (Канада)“, се вели во соопштението на Карни.

Карни го посети Трамп во Белата куќа во мај.

Трамп беше во канадската држава Алберта на самитот на Г7, кога, според канадскиот премиер, таа земја и САД поставија рок од 30 дена за завршување на трговските преговори.

Во објава на социјалните мрежи во петокот, Трамп рече дека Канада го информирала дека останува посветена на воведување данок на дигитални услуги, кој се однесува на канадски и странски фирми кои работат со онлајн корисници во Канада.

Данокот за дигитални услуги требаше да ги погоди компаниите како Amazon, Google, Meta, Uber, Airbnb, со три проценти од приходите од канадските корисници. Требаше да се примени ретроактивно, а американските компании ќе мора да платат 2 милијарди американски долари на крајот од месецот.

Канадскиот министер за финансии Франсоа-Филип Шампањ разговараше со американскиот секретар за финансии Скот Бесант на 29 јуни.

„Ослободувањето од данокот на дигитални услуги ќе овозможи важен напредок во преговорите за нов економски и безбедносен однос со САД“, рече канадскиот министер за финансии.

Канада и САД разговараат за ублажување на серијата високи царини за разни стоки што Трамп им ги воведе на нивниот сосед.

Трамп воведе царини од 50 проценти за челик и алуминиум и 25 проценти за автомобили. Тој, исто така, воведе царина од 10 проценти за увоз од повеќето земји, а би можел да ги зголеми тие царини по 9 јули, кога ќе истече 90-дневниот преговарачки период што го одреди.

Канада и Мексико имаат посебни тарифи од дури 25 проценти што Трамп ги воведе за да го спречи шверцот со фентанил, иако некои производи сè уште се заштитени според Договорот меѓу САД и Мексико и Канада од 2020 година, потпишан за време на првиот мандат на Трамп.

Путин сака „капитулација“ на Украина: Германскиот шеф на дипломатијата Вадефул, во посета на Киев

Министерот за надврешни работи на Германија, Jохан Вадефул
Министерот за надврешни работи на Германија, Jохан Вадефул

Рускиот претседател Владимир Путин сака Украина да се предаде, изјави во понеделник (30 јуни) највисокиот германски дипломат, Jохан Вадефул кој е во посета на Киев по неколкунеделните засилени руски бомбардирања на земјата.

Во услови на застој во мировните преговори за ставање крај на повеќе од тригодишната војна, „Путин не отстапува од ниту едно од своите максималистички барања - тој не сака преговори, тој сака капитулација“, рече германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул кога пристигна во ненајавена посета на украинскиот главен град.

„Русија „се обложува на слабеење на нашата поддршка“ и „сака освојување и покорност по секоја цена - дури и по цена на стотици илјади дополнителни животи. Слободата на Украина е најважната задача на нашата надворешна и безбедносна политика“, рече Вадефул во соопштение објавено од неговото министерство.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, синоќа изјави дека брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата на теренот.

Пет месеци откако американскиот претседател Доналд Трамп дојде на власт, не се гледа крај на војната што Русија ја започна во февруари 2022 година.

Трамп, кој ги притиска двете страни да преговараат за прекин на огнот откако беше инаугуриран во јануари, во петокот изјави дека мисли дека „нешто ќе се случи“ за да се стави крај на војната.

„Зависи од тоа колку ќе биде ефикасно посредништвото на Вашингтон“, рече тој, додавајќи дека ситуацијата на терен е уште еден фактор што не може да се игнорира.

Песков не даде повеќе информации за тоа што Москва очекува од Вашингтон или Киев. Москва побара Украина да отстапи повеќе земја и да престане да се снабдува со оружје од Западот, што се барања што Киев ги нарекува неприфатливи.

Лидерска средба ЕУ-Западен Балкан во Скопје, еврокомесарката Кос во посета на земјава

Еврокомесарката за проширување Марта Кос
Еврокомесарката за проширување Марта Кос

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска и утре (30 јуни и 1 јули) ќе престојува во посета на земјава. Таа ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а ќе учествува и на лидерската средба ЕУ - Западен Балкан која во следните два дена ќе се одржува во Скопје, а на која ќе се разговара за Планот за раст.

За денеска попладне најавена е тет-а-тет средба на еврокомесарката Кос со премиерот Мицкоски по што ќе се одржи и билатерална средба со останатите делегации.

На лидерската средба најавено е присуство на лидерите од Западен Балкан, како и на министри, високи претставници од Европската Унија, регионални организации и меѓународни институции.

Утре во рамки на лидерската средба ќе се одржат два панела од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан и на него ќе се обратат премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување, по што ќе следи заедничка прес-конференција.

Вториот панел ќе биде посветен на конкретните механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст.

Посетата на еврокомесарката за проширување на земјава минатата недела ја најави Европската комисија која соопшти дека Кос доаѓа во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан за Планот за раст и дека покрај премиерот Мицкоски, на средбата ќе присуствуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Поради одржувањето на лидерската средба, овие два дена во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно градско подрачје. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Десетици приведени на забранетата Парада на гордоста во Истанбул

Парада на гордоста во Истанбул
Парада на гордоста во Истанбул

Најмалку 30 лица беа уапсени во центарот на Истанбул додека се обидуваа да учествуваат во забранета Парада на гордоста.

Забраната за парадата на гордоста доаѓа како дел од долгогодишната репресија против ЛГБТ+ настаните во Турција.

Снимките од Ројтерс покажаа како полицијата се турка со група активисти кои носеа знамиња во боите на виножитото во центарот на Истанбул.

Кезбан Конукчу, пратеничка од прокурдската партија ДЕМ, која присуствуваше на маршот, за Ројтерс изјави дека најмалку 30 лица се приведени.

Парадата претходно беше забранета од канцеларијата на гувернерот на Истанбул, која ја прогласи за нелегална. Исто така, се вели дека групите што ја промовираат парадата на гордоста работеле „нелегално“.

Парадите на гордоста се забранети во најголемиот град во Турција од 2015 година, а властите се повикуваат на причини од јавна безбедност и сигурност.

Атмосфера од Парадата на гордоста во Истанбул
Атмосфера од Парадата на гордоста во Истанбул

Претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговата партија усвоија сè поостра реторика против ЛГБТ+ заедницата во текот на последната деценија.

Во јануари, Ердоган ја прогласи оваа година за „Година на семејството“, опишувајќи го опаѓачкиот наталитет во Турција како егзистенцијална закана и обвинувајќи го ЛГБТК+ движењето за поткопување на традиционалните вредности.

„Примарна цел на родово неутралните политики, во кои ЛГБТК луѓето се користат како оружје, е семејството и светоста на семејната институција“, рече Ердоган во јануари.

Хјуман рајтс воч и Амнести интернешнл предупредија дека реториката и дејствијата на владата поттикнуваат непријателска средина за ЛГБТК+ луѓето, придонесувајќи за зголемување на дискриминацијата и насилството.

И покрај забраните, мали групи активисти продолжуваат да ја одбележуваат Неделата на гордоста секоја година. Организаторите велат дека сè поагресивниот полициски одговор одразува пошироко пресретнување на несогласувањето и слободата на собирање во Турција.

Освен во Турција, Парадата на гордоста неодамна беше забранета и во Унгарија. Сепак, ова не ги спречи десетици илјади луѓе да излезат на улиците на Будимпешта на 28 јуни, носејќи ЛГБТ+ знамиња и транспаренти, и покрај законот донесен во март оваа година со кој се забранува парадата. Покрај жителите на Будимпешта, на парадата учествуваа луѓе од 30 земји.

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ

Максим Димитриевски - лидер на ЗНАМ (архива)
Максим Димитриевски - лидер на ЗНАМ (архива)

На вториот Конгрес на Движењето ЗНАМ - за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата и е избран за претседател. Тој се заблагодари за изборот и нагласи дека има намера да создава нови лидери бидејќи движењето ЗНАМ работи и ќе работи, вели, со и за граѓаните, како нова политичка сила која во изминатиот период од 14 месеци се потврди и докажа.

Пред присутните претседателот на ЗНАМ вети дека никој, како што рече, нема да побегне од одговорност без разлика кој колку и да се обидува да се приближи до владеачката политичка елита. Меѓу другото, посочи дека „сите волци сега облечени во јагнешки кожи“ плаќаат портали, медиуми и многу други инфлуенсери да шират говор на омраза, лаги, невистини и јавни обвинувања против луѓе, од кои, подвлече, се плашат бидејќи вистината секогаш излегува на виделина.

Како претседател на партијата, истакна Димитриевски, има намера да го „смести“ ЗНАМ како респектиран политички субјект на македонската политичка сцена.

„ЗНАМ не е ниту ВМРО - ДПМНЕ, а уште помалку СДСМ и тоа што остана од него. Не е ниту една друга политича партија на македонската политичка сцена, туку е гласноговорник на народот“, истакна Димитриевски и додаде дека ЗНАМ е коректор на власта, но оваа власт, рече заслужува шанса затоа што граѓаните тоа го одлучија на избори.

Претседателот на ЗНАМ посочи дека во партијата има членови од сите етнички заедници, меѓу кои и „наши сограѓани кои се изјасниле како Бугари“.

„Јас го почитувам и, верувам сите вие бугарскиот народ, но не го почитувам тоа што доаѓа од официјална Софија, а најмалку тоа што е ставено во Резолуцијата на бугарскиот Парламент и потврдено пред неполн месец со втората резолуцаија. Не ги почтивам ставовите што ги изнесува претседателот Радев во јавноста, кој по природа на нештата треба да ни биде близок како што ни е претседателот на Србија. Сакаме да бидеме блиски со сите соседи“, порача Димитриевски.

Додаде дека ЗНАМ е за членство во ЕУ, но не по секоја цена.

„Нема да дозволиме да ја бришеме сопствената историја, да газеме по коските на сопствените предци бидејќи нивниот завет е впишан во нашата основна идеја во Крушевскиот манифест, во АСНОМСКАТА декларација“, рече во обраќањето на Конгресот претседателот на ЗНАМ.

Реизбраниот претседател на партијата Димитриевски со порака до сите од партијата дека функцијата поминува и да не заборават никогаш да работат по закон, посветено и чесно, за, како што подвлече, да ја искоренеме корупцијата до крај.

Алиу: Тројца повредени во дискотеката „Пулс“ сè уште се лекуваат во странство

Министерот за здравство Азир Алиу
Министерот за здравство Азир Алиу

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од државата, двајца се лекуваат во Турција и еден во Словенија, а втората група повредени на Пониква заминува од средина на јули, информираше денеска министерот за здравство, Азир Алиу.

Во моментов, информациите околку пациентите кои се лекуваат во странство се дека се во стабилна здравствена состојба. Во државата, беше посочено, во Клиничкиот центар на Пластична хирургија, има пациенти кои се таму заради длабочината на повредите, додека здравствено биле стабилни. Двајца пациенти се во приватната болница „Систина“. Редовно се следи состојбата на сите пациенти.

„Во Пониква во моментов е првата група, при крај, таму со нив се и пет физиотерапевти кои работат по програми, специјалист физијатар и општ хирург. Таму младите сакаат да продолжат и понатаму, имаме барања од некои од нив да продолжат и со втората група. Втората група ќе биде упатена најверојатно од втората половина на јули“, одговори Алиу.

Околу обвинувања на блиски на загинати во пожарот во Кочани, за несоодветен третман во болницата во Кочани и недостиг на соодветна опрема, веднаш по трагедијата, министерот рече дека истрагата од надлежните служби, би требало да даде одговор на многу прашања во врска со трагедијата.

Откако бил министер, Алиу дека кочанската болница е меѓу топ приоритети и дека прават максимум во рамки на можностите за нејзино соодветно опремување. Дополни дека работна група континуирано работела на проблемот.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG