Бегалците од Украина тргнаа кон Полска, Романија и Унгарија за да побараат засолниште од војната која почна утрото на 24 февруари, по руската инвазија на Украина. Голем број жени со деца ја напуштаат земјата откако Украина им ограничи на лицата од 18 до 60 години да ја напуштат земјата. Украинските власти јавуваат за десетици жртви, стотици ранети и тешки борби за одбрана на земјата, особено во главниот град Киев, во чии делови веќе се влезени руски сили.
Украина: Бегалци на границите, пукотници во градовите, антивоени протести низ Европа

1
Станбена зграда во Киев оштетена во гранатирањата на 26 февруари 2022. Украинските власти ги предупредија граѓаните да останат во засолниште бидејќи почнале гранатирања и улични борби

2
Екслозија во Киев по соборување на воено летало

3
Експлозија од летало над Киев, 25 февруари 2022

4
Дете си игра до детски парк наспроти станбена зграда оштетена во нападите во Киев