Бегалците од Украина тргнаа кон Полска, Романија и Унгарија за да побараат засолниште од војната која почна утрото на 24 февруари, по руската инвазија на Украина. Голем број жени со деца ја напуштаат земјата откако Украина им ограничи на лицата од 18 до 60 години да ја напуштат земјата. Украинските власти јавуваат за десетици жртви, стотици ранети и тешки борби за одбрана на земјата, особено во главниот град Киев, во чии делови веќе се влезени руски сили.
Украина: Бегалци на границите, пукотници во градовите, антивоени протести низ Европа

33
Бегалци од Украина во непосредна близина на украинско - унгарската граница, кај граничниот премин Берегсурањи, Унгарија, 25 февруари 2022

34
Украинци во засолниште во Киев, 25 вефруари 2022

35
Жена го храни детето на граничниот премин Убла. Илјадници бегалци од Украина бараат спас од војната бегајќи во соседните држави

36
Припадниците на унгарската армија чуваат стража во Васароснамени, Унгарија, додека луѓето бегаат од Украина во Унгарија, откако Русија започна масовна воена операција против Украина, 25 февруари 2022