Британија, светските лидери и членови на кралското семејство од целиот свет денеска се збогуваат со кралицата Елизабета на државен погреб со неповторливa величественост. Тоа е првиот државен погреб по смртта на премиерот Винстон Черчил во 1965 година.
Во историската Вестминстерска сала во Лондон изутрината заврши четиридневното оддавање почит во кое стотици илјади луѓе чекаа во редици да минат покрај ковчегот на 96 годишниот монарх кој помина седум децении на британскиот трон
Последно збогум за Кралицата

5
Ѕвоното на Вестминистерската опатија - местото на крунисување, венчавки и погреби на англиските, а потоа и британските кралеви и кралици речиси 1.000 години - ќе одѕвони 96 пати.

6
На погребот има членови на кралските семејства од Шпанија, Монако, Норвешка, Холандија, Данска, како и јапонскиот император Нарухито, кој го направи своето прво патување во странство откако дојде на тронот во 2019 година. На погребот дојдоа и актуелни и поранешни претседатели, премиери, државници...

7
BRITAIN-ROYALS/QUEEN

8
Меѓу 2.000-те поканети на погребот има околу 500 светски лидери, меѓу нив, претседателите на САД и Франција, Џозеф Бајден и Емануел Макрон, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел...