Во Босна и Херцеговина граѓаните гласаат на осми општи избори на 2 октомври. Од отворањето на избирачките места граѓаните излегоа да гласаат за новите членови на Претседателството на БиХ, ентитетските и државните парламенти, како и за кантоналните собранија во ентитетот на Федерацијата БиХ. Очекуваат подобар живот и грижа за младите.
Избори во Босна и Херцеговина

5
Очекувам, пред се, веројатно нешто да се смени, во однос на сите тие политички превирања и влечење на земјата наназад“, нагласува Серѓо Радоч од Мостар пред своето гласачко место.

6
Гласачко место во Клубот на пензионери во Чазин, северозападно во Босна и Херцеговина. Гласањето на овие избори е поразлично од претходно, бидејќи гласачките кабини се свртени кон избирачкиот одбор, кој гледа во грбот на гласачите. Оваа новина се прави за да ги спречи гласачите да сликаат пополнети гласачки ливчиња, да ги презентираат и слично...

7
„Мојата најголема желба е новоизбраната влада, каква и да е, своето време и внимание да им го посвети на младите, бидејќи тие тоа го заслужуваат“, вели на денот на изборите Вилдана Башиќ од Горажде.

8
Жена гласа на гласачко место во Сараево