Кога Русија ја почна својата инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, таа го предизвика најголемиот воен конфликт во Европа од Втората светска војна, што ги наруши животите на милиони и донесе широко распространето уништување кое продолжува. РСЕ се осврнува на некои од најнезаборавните фотографии од војната во изминатите 12 месеци
Руска инвазија врз Украина: Една година низ фотографии

29
Американската потпретседателка Камала Харис (лево) и тогашниот претседател на Претставничкиот дом Ненси Пелоси реагираат додека украинскиот претседател Володимир Зеленски на пратениците им подарува украинско знаме со автограм на војниците од првата линија во Бахмут додека се обраќа на заедничката седница на Конгресот во Вашингтон на 21 декември 2022 година.

30
Украинец плаче откако неговата сопруга беше убиена кога руска ракета ја уништи нивната куќа во Запорожжја ноќта меѓу 25 и 26 јануари 2023 година.

31
Деца стојат покрај кратер од руски ракетен напад во градот Хлеваха, кај Киев, на 26 јануари 2023 година.

32
Уништен руски тенк лежи во снегот во градот Свијатохирск на 12 февруари 2023 година.