Ден по нападот - Цвеќе за жртвите пред белградското училиште
Луѓето носат цвеќе за настраданите пред основното училиште „Владимир Рибникар“ во центарот на Белград на 4 мај. Оваа образовна институција ден претходно беше место на напад. Тринаесетгодишен ученик пукал и убил осум деца и еден чувар, а ранил шест ученици и еден наставник.

5
Осомничениот во училиштето донел и четири молотови коктели. Малолетникот го земал оружјето што го поседувал неговиот татко, кој исто така бил уапсен.

6
Мотивот засега не е познат, но претставници на полицијата соопштија дека делото било планирано еден месец.

7
Осомничениот имал список на ученици кои планирал да ги убие и нацртана карта на училиштето.

8
Некои медиуми објавија дека осомничениот ученик бил жртва на насилство од врсници.