Настаните на денот низ фотографии - 22 мај 2023
Пари, пасоши, политика...

9
МАКЕДОНИЈА / ЕУ - Следниот чекор во евроинтегративниот пат е измена на Уставот, порача денеска ( на 22 мај) евроамбасадорот во Скопје Дејвид Гир. Тој посочи дека земјата се наоѓа во многу специјален момент од историјата кога процесот на проширување поставен како врвен приоритет на агендата на ЕУ, што значи дека работите може да се развиваат многу брзо.

10
БЕЛОРУСИЈА - Помилување доби новинарот Раман Пратасевич, кој беше приведен во Белорусија во 2021 година по принудно слетување на комерцијален лет. Пратасевич беше во авионот на Рајанер од Атина, Грција, до главниот град на Литванија, Вилнус, кога го смени курсот меѓу двете членки на ЕУ за да се упати кон Минск. Белоруската државна новинска агенција БелТА тогаш објави дека Лукашенко лично наредил борбен авион МиГ-29 да го придружува авионот на Рајанер за да слета во Минск, наводно поради закана од бомба.