Настаните на денот низ фотографии - 21 август 2023
Ветувања и војувања

5
МАКЕДОНИЈА - Нема информации кој е човекот кој вееше знаме со карта на голема Албанија во Тетово при престојот на албанскиот премиер Албин Курти на 12 август. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека и понатаму се утврдува идентитетот и дека се прибираат информации по објавата на фотографијата од лицето.

6
СЕВЕРНА КОРЕЈА - Националната авиокомпанија на Северна Кореја требаше да го изврши својот прв комерцијален лет по повеќе од три години во понеделник, 21 август, но тој беше откажан во последен момент.

7
САД - Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа јужна Калифорнија во неделата попладне по локално време, која исто така беше погодена од тропската бура Хилари.

8
САД - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп рече дека ќе ги прескокне претстојните прелиминарни дебати на републиканците, наведувајќи го неговото големо водство во анкетите како доказ дека тој веќе бил познат и им се допаѓа на гласачите пред изборите во 2024 година.