Настаните на денот низ фотографии - 4 септември 2023
Политика и јајца

1
КОСОВО - Косовската претседателка Вјоса Османи на 4 септември, ја обвини Србија дека има дестабилизирачки план за Западен Балкан, сличен на оној, како што рече, што Русија го спроведе во Украина во 2014 година.
За време на официјалната посета на Албанија, Османи порача дека сите демократски држави во регионот треба да го спречат спроведувањето на тој план.

2
ШВЕДСКА - Во имигрантска населба во третиот по големина шведски град Малме, избувнаа судири откако антимуслимански демонстрант запали примерок од светата книга на исламот, Куранот, соопшти локалната полиција на 4 септември, пренесува агенцијата Асошиејтед Прес.
Полицијата во Малме соопшти дека демонстрантите фрлале камења по нив, а десетици автомобили биле запалени, опишувајќи ги настаните што започнаа во неделата и продолжија во текот на ноќта како „насилни немири“.

3
МАКЕДОНИЈА - „Убивате за профит“, „Монструми“, „Oнкологија = геноцид“, „Колку вреди човечкиот живот“, ова се само дел од пораките на транспарентите што денеска ги носеа учесниците на протестот пред Владата, по наводите за злоупотребата на лекови на Клиниката на онкологија.
Насобраните граѓани, кои и покрај дождливото време се собраа во 18 часот пред Владата, во центарот на Скопје, извикуваа – „крадци“ и „убијци“. Дел од насобраните си ги обоија рацете со црвена боја и оставија траги од дланките на асфалтот, а со црвена боја со големи букви на улицата пред Владата испишаа - Убијци.

4
РУСИЈА / ТУРЦИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин по денешниот состанок со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, рече дека Русија ќе биде подготвена да се врати во договорот за житото кога ќе се исполнат сите релевантни услови за да се постигне договор.
Турскиот претседател пак рече дека верува оти наскоро ќе може да се најде решение за заживување на договорот за извоз на жито во посредство на Обединетите Нации.