Настаните на денот низ фотографии - 20 октомври 2023
Газа виа Стара Чаршија

9
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Република Северна Македонија во моментов нема лоцирано закани по безбедноста на државата и на граѓаните. Институциите, службите, безбедносно - разузнавачката заедница будно ги следат случувањата во Израел и Украина, разменуваат информации и на национално ниво и во рамките на НАТО алијансата и соодветно се подотвуваат доколку се лоцира предизвик да се реагира, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска во Охрид каде имаше средба со припадниците на доброволните противпожарни друштва од земјава.

10
КИНА - Извештајот на американскиот Пентагон во кој се наведува дека Кина најверојатно ќе има повеќе од 1 000 нуклеарни боеви глави до 2030 година е полн со предрасуди и ги искривува фактите, а Кина нема намера да се вклучи во трка за нуклеарно вооружување, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. Пентагон во годишниот извештај објавен на 19 октомври соопшти дека Кина ги проширила своите нуклеарни резерви и сега има околу 500 оперативни боеви глави.