Настаните на денот низ фотографии - 23 октомври 2023
Револуција и еволуција

1
ИЗРАЕЛ - Земјите од ЕУ сè уште разговараат за идејата за хуманитарен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, но постојат различни начини да се добие многу потребната помош за Палестинците во Газа, изјави во понеделникот шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром.

2
ТУРЦИЈА - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот го достави до парламентот на ратификација нацрт-законот за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, соопшти турското претседателство.

3
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави предлог до Владата и премиерот Димитар Ковачевски кога да се одржат парламентарни избори кои би биле во ист ден со претседателските. Му остави период на Ковачевски да одбере кога би биле изборите, но вели дека срамота е што преку медиуми се договараат и лиферуваат датуми за редовни избори.

4
ЕУ / НИГЕР - Во понеделникот, земјите од Европската унија усвоија рамка за воведување санкции за членовите на хунтата што ја презеде власта во Нигер во јули, објави Бета.