Настаните на денот низ фотографии - 24 октомври 2023
Од Зеќири до Туск

1
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Во животозагрозувачка состојба се двајцата повредени при денешното пукање во „Ист гејт мол“, потврдуваат директорите на болниците каде се оперирани, директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков и директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи.

2
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Северна Македонија ќе испрати дополнителен број на војници во рамите на Мисијата на КФОР во Косово, одлучи Владата на седницата на 24 октомври. Донесена е одлука да се испрати вод од 35 луѓе.

3
САД - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Советот за безбедност на обединетите нации (ОН) изјави дека мора да се размислува за хуманитарна пауза во борбите во Појасот Газа за да се дозволи испорака на помош.

4
ИЗРАЕЛ - Агенцијата на ОН, која се грижи за палестинските бегалци (УНРВА) предупреди дека би можело да биде принудена да ги прекине операциите во Појасот Газа од среда навечер, доколку не се испорача гориво.