Настаните на денот низ фотографии - 25 октомври 2023
Гранати и даноци

5
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Министерот за економија Крешник Бектеши Најави во средата дека ќе бараат оштета од Бугарија и дополнителна поддршка од Европската Унија за воведувањето на таксата од 10 евра доколку не бидат ослободени капацитетите на гасоводот преку кој државата се снабдува со гас од Бугарија.

6
СЛОВАЧКА - Лидерот на словачката левица Роберт Фицо во средата по четврти пат беше назначен за премиер на Словачка, по кампањата за прекин на воената помош за Украина и критиките на санкциите против Русија.

7
СРБИЈА - Србија инсистира само членовите на мисијата на НАТО КФОР да бидат распоредени на косовската страна од границата. Ова е соопштено на 25 октомври, по средбата меѓу српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ и турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер.

8
СИРИЈА - Израелски проектили денеска го погодија сирискиот аеродром во Алепо, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, што е четврти ваков инцидент во последните две недели, додека регионалните тензии тлеат поради војната меѓу Израел и Хамас во Газа.