Настаните на денот низ фотографии - 26 октомври 2023
Лотарија, сексизам и ЕУ надежи

5
САД - Најмалку 18 лица се убиени во пукањето во Мејн, изјави во четвртокот, 26 октомври, гувернерката на оваа американска сојузна држава Џенет Милс.
Милс на прес-конференцијата рече дека осомничен за пукањето, во кое биле ранети и 13 лица, е Роберт Кард.
Милс на прес-конференцијата рече дека осомничен за пукањето, во кое биле ранети и 13 лица, е Роберт Кард.

6
ИЗРАЕЛ - На 26 октомври 12 нови камиони влегоа во појасот Газа преку граничниот премин „Рафах“ со Египет, соопшти палестинската Црвена полумесечина. Камионите во Газа пренесоа вода, храна и медицински материјали, но и гориво бидејќи Израел ги спречуваше хуманитарните организации да внесат помош.

7
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Обвинителството чека на Финансова полиција да постапи, а ако тоа не се случи, самото ќе отвори предмет за истражувањата на РСЕ за тендерите во Државна лотарија и закупот на деловни простории за сума од 2,6 милиони евра.

8
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Ниту еден пенал нема платено државата на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на делниците од Коридорите 8 и 10Д, тврди првиот вицепремиер и координатор за изградбата на коридорите 8 и 10д Артан Груби.