Настаните на денот низ фотографии - 30.10.2023
Ракети и бакнежи

5
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев денеска во врска со можно продавање на терапии и лекови на клиниката за Онкологија, рече дека тоа што во времето кога бил директор го имале како информации го пријавиле, односно дека имале два случаи од кои едниот го пријавил сам, а другиот заедно со економскиот директор на клиниката.

6
САД - Со влегувањето на тринеделната војна меѓу Израел и Хамас, како што вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во „долга и тешка“ нова фаза, американскиот претседател Џо Бајден ги повикува израелските и арапските лидери внимателно да размислат за повоената реалност, пишива Асошиејтед прес. Во оваа реалност, како што тврди американскиот претседател, приоритет треба да биде конечно да се најде договор за долго бараното решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт.

7
КОНГО - Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) на 30 октомври објави дека рекордни 6,9 милиони луѓе се внатрешно раселени поради ескалацијата на насилството во Демократска Република Конго, јавува Би-Би-Си.

8
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе истражна постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица за кои се сомнева дека сториле кривични дела Злосторничко здружување, Даночно затајување, Перење пари и други дела од од Кривичниот законик. За 14 осомничени Обвинителството предложило мерка притвор, од кои за едно лице е предложена мерка куќен притвор, додкеа за останатите 12 осомничени лица се предложи други мерки на претпазливост.