Настаните на денот низ фотографии - 31.10.2023
Синџири, фудбал и ракети

9
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлуки со кои крајната цена за испорачаната топлинска енергија на потрошувачите снабдувани од ЕСМ од бараното зголемување на цената од над 50 %, одобри 4,51 проценти.

10
MONEY ЕУ - Инфлацијата во еврозоната падна на 2,9 отсто во октомври, што е најниско ниво во повеќе од две години, бидејќи цените на горивата паднаа, а Европската централна банка го забрза зголемувањето на каматните стапки.

11
ЦРНА ГОРА - Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, ја осуди изјавата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик за создавање „држава на Србите“.

12
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Тринаесет лица добија затворски притвор, едно лице оди во куќен притвор, а за 12 од осомничените во акцијата „Синџир“, судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и за нив има определено мерки на претпазливост, соопштуваат од Кривичниот суд во Скопје.