Настаните на денот низ фотографии - 2 ноември 2023
Од Путин до папата

5
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Со предистрагата која Управата за финансиска полиција ја отвори за Државна лотарија, покрај во акционерското друштво, инспектори од институцијата вчера влегле и во компанијата „Хеј ДООЕЛ“, каде се извршени проверки на документацијата за склучениот договор за закуп на деловни простории тежок над 2,6 милиони евра.

6
УКРАИНА - Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на 2 ноември изјави дека Киев е уверен во отворањето на преговорите за членство во ЕУ оваа година, пофалувајќи ги реформите што Украина ги спроведла дури и покрај руската инвазија.

7
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе законот за амнестија не доби поддршка од Собранието кое денеска одлучуваше за потребата од негово носење во тек на утврдување на дневниот ред на 129 седница. Предлагачот, министерот за правда, Кренар Лога, рече дека пак ќе го поднесе предлогот.

8
РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин во четврток (2 ноември) потпиша закон со кој се отповикува руската ратификација на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни проби, се наведува во декретот објавен на веб-страницата на владата.