Архитектонскиот брутализам е стил кој стана популарен во втората половина на минатиот век. Во поранешна Југославија се некои од „иконите“ на овој стил. Дури и само да минувавте низ Белград на пат кон Западна Европа, не можеше да ја пропуштите кулата Генекс или пак Главната пошта во Скопје, Тјентиште во Босна...
Брутална убавина: Бетонските зданија на СФРЈ

Државната библиотека во Приштина, Косово.
Уште еден иконски пример на стилот на брутализмот во архитектурата.

Дежурен чувар шета низ Белградскиот саем, каде што се одржуваат многу изложби.
Војин Мунчин, директор на белградска туристичка агенција, изјави за Ројтерс дека тие организираат неделни тури за „да ги посетат симболичните згради на социјализмот“.

Властите во Белград се подготвуваат да ја отворат Палатата Србија за посетителите поради зголемениот интерес за архитектонските споменици на поранешна Југославија.
Секоја од поранешните југословенски републики има свој салон во зградата. Централната се вика „Сала на Југославија“.

Внатрешноста на палатата, која била завршена во 1959 година. Зградата со години ретко ги отворала вратите за посетителите.