Викендов (9-11 мај 2025) во сите општини се реализира масовната еколошка акција „Генералка викенд“ на која се приклучија илјадници волонтери од сите градови и села за да се чисти отпадот фрлан од несовесните граѓани. Организаторите и учесниците повикаа на поголема совест и свест во односот кон природата и побараа колективна одговорност за проблемот што го има Северна Македонија - Прекрасна природа, полна со ѓубре. Учесниците велат дека од ѓубре не се гледаат убавините на државата.
„Генералка викенд“ во цела држава: Од ѓубре не се гледаат убавините

9
Во акцијата „Генералка викенд“ во последните пет години се собрани повеќе од 1 тон отпад со помош на повеќе од 44 000 волонтери.

10
За секои 10 килограми собрано ѓубре, се засадува едно дрво, а за 5 години откако е почната акцијата се засадени повеќе од 135.000 дрвја.

11
Илјадници волонтери од сите општини во државата, ќе учествуваат во собирањето на отпадоци и денеска и утре.

12
И министерката за образование и наука, Весна Јаневска, им се придружи на илјадниците волонтери.