Од бурки до бирократи: Советското преобликување на Узбекистан пред 100 години
Од 1925 година, кога Узбекистанската Советска Социјалистичка Република беше прогласена за дел од Советскиот Сојуз, еден фотограф успеа да ја долови „радикалната социјална операција“ спроведена од болшевиците што засекогаш ја промени централноазиската држава.

13
Работата е во тек на Ферганскиот канал. Наводнувачкиот воден пат му претходеше на Сталиновиот „Голем план за трансформација на природата“, кој заедно со подоцнежните советски планови за пренасочување на реките во Централна Азија за земјоделство придонел за сушење на Аралското Море.

14
Работник се одмара на свежо набран памук. Пенсон го насочил својот објектив и кон памучната индустрија во Советски Узбекистан. Републиката обезбедувала 70 проценти од целиот памук што се користел во СССР.

15
Жетва на памук во 1930-тите.
На фотографиите на Пенсон не се гледаат репресиите врз оние што се спротивставуваа на преобликувањето на Централна Азија од страна на Кремљ. Стотици дисиденти Узбеци биле погубени или починале во затвор под советска власт.

16
Постари Евреи во Бухара. Пенсон, исто така, го фотографирал животот на еврејската заедница во Бухара и други градови во Узбекистан.