Достапни линкови

Стапија во сила новите американски царини, за земјите од Западен Балкан, од 10 до 35 проценти


илустрација
илустрација

Царините на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија во сила, ставајќи ја на тест стратегијата на републиканците за намалување на трговскиот дефицит.

Царините значат дека компаниите што внесуваат странска стока во САД ќе мора да плаќаат даноци на владата, а експертите велат дека тие компании би можеле да ги префрлат трошоците на потрошувачите.

„Полноќ е!!! Милијарди долари во царини сега се влеваат во Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на социјалните мрежи неколку минути пред новите царини да почнат да се применуваат на полноќ во Вашингтон.

Меѓу 90-те земји во светот, новите царини се применуваат и за земјите од Западен Балкан.

Северна Македонија од новата американска извршна наредба ќе биде погодена со царинска стапка од 15 отсто при извоз на производи во САД, што претставува значително намалување од претходно најавените 33 проценти. Одлуката е дел од поширока мерка на американскиот претседател Доналд Трамп, со која се воведуваат нови трговски правила за земјите што немаат билатерален договор со САД.

Царинската стапка за Србија изнесува 35 проценти, за Босна и Херцеговина 30 проценти, за Косово и Црна Гора по 10 проценти.

Тука е и Хрватска, членка на Европската Унија, чии производи ќе подлежат на царинска давачка од 15 проценти кога ќе се увезуваат во САД.

Осум главни трговски партнери кои сочинуваат 40 проценти од трговијата со САД постигнаа рамковни договори со Вашингтон, вклучувајќи ја Европската Унија (ЕУ), Јапонија и Јужна Кореја. Тие обезбедија основна стапка од 15 проценти.

Велика Британија се согласи на 10 проценти, а Виетнам, Индонезија и Филипините помеѓу 19 и 20 проценти.

Во исто време, Бразил се соочува со една од највисоките американски царински стапки во светот, од 50 проценти, што се однесува на повеќето стоки.

Индија исто така ќе биде погодена со стапка од 50 проценти, што стапува на сила на 27 август.

Осум главни трговски партнери кои сочинуваат 40 проценти од трговијата со САД постигнаа рамковни договори со Вашингтон, вклучувајќи ја Европската Унија (ЕУ), Јапонија и Јужна Кореја. Тие обезбедија основна стапка од 15 проценти.

Велика Британија се согласи на 10 проценти, а Виетнам, Индонезија и Филипините на стапка помеѓу 19 и 20 проценти.

Кога станува збор за Кина, преговорите сè уште се во тек, а Вашингтон и Пекинг се согласија да ги одложат сите нови царини до 12 август.

Мексико, исто така, доби одложување бидејќи Трамп рече дека ќе се наплаќа по сегашните стапки уште 90 дена, избегнувајќи ја заканата од зголемување на 35 проценти.

Канада веќе се соочува со царина од 35 проценти, која стапи на сила минатиот петок, иако повеќето стоки се ослободени според трговскиот договор меѓу САД и Мексико и Канада.

Царинската и граничната заштита на САД (CBP) започна со наметнување повисоки царини во 00:01 часот по источно време на 6 август, по недели неизвесност околу конечниот процент на мерките на Трамп и забрзани преговори со земјите од целиот свет кои сакаа да ги намалат.

Производите натоварени на американски бродови и во транзит пред полноќ можат да продолжат да влегуваат во САД без нови мерки до 5 октомври, беше објавено претходно.

Увозот од многу земји претходно беше предмет на основна стапка од 10 проценти откако Трамп ги паузираше повисоките царини објавени на почетокот на април. Но, американскиот претседател оттогаш често ги менуваше своите планови, наметнувајќи повисоки стапки за некои земји.

Трамп ги промовираше царините како начин за намалување на постојаниот трговски дефицит. Но, увозниците се обидоа да ги избегнат даноците со увоз на повеќе стоки уште пред новите царини да стапат во сила, пишува АП.

Како резултат на тоа, трговскиот дисбаланс од 582,7 милијарди долари за првата половина од годината беше за 38 проценти повисок отколку во 2024 година.

Вкупните трошоци за градежништво се намалија за 2,9 проценти во изминатата година, а работните места во фабриките што ги вети Трамп досега резултираа со губење на работни места.

XS
SM
MD
LG