Достапни линкови

Скопје го поклопи сива магла, со денови мириса на изгорено

Голем број граѓани, денеска, уште од раните утрински часови, на социјалните мрежи објавуваат фотографии и видеа со коментари дека состојбата со загадувањето на Скопје, особено по последниот пожар на депонијата Дрисла, е крајно алармантна и дека „Скопје се разбудило покриено со сива магла“. Велат дека состојбата е најдраматична било во населбите Ченто, Ново Лисиче, Лисиче, Кисела Вода и Радишани. На панорамските снимки се гледа дека речиси половина од градот утрово бил покриен со чад, смог и магла, а мирисот на тлеење и на изгорено веќе неколку дена се чувствува дури до Ѓорче Петров.

Депонијата „Дрисла“ изутринава и натаму чади сè уште но со помал интензитет од претходно, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според мерните станици на мрежата Air Care, највисоки се вредностите на загадувачките честички во Лисиче, 90 микрограми на кубен метар ПМ 10 и 45 микрограми ПМ 2,5, и во Гази Баба 77 ПМ 10 и 32 Пм 2,5. Повисоки вредности на загадување има и во Аеродром, Мичурин и Реонски Центар.

Во средата премиерот Христијан Мицкоски изјави дека „воздухот кој го дишат Скопјани, иако изгледа загадено, мерењата не покажувале зголемени токсични вредности и не биле алармантни параметрите на штетни честички кои би го загрозиле здравјето на граѓаните“.


Вчитај повеќе

Категории

XS
SM
MD
LG