Будванизација во фотографии
Будва, на црногорскиот брег на Јадранското Море, стара повеќе од два милениума, е синоним за неконтролирана и прекумерна градба. Жаргонот „будванизација“ ги опишува градовите со премногу бетон и згради, а премалку зелени површини. Профитот обично е во позадината.

9
Семејна куќа „заградена“ со повеќекатници, кои што ја намалуваат нејзината вредност и квалитетот на живот.

10
Дрво заѕидано во повеќекатна зграда, чие стебло е делумно пред, а делумно зад ѕидот. Додека фотографираме, локалниот жител Марко коментира: „Па, таков ни е и животот - заѕидани во 'метрополата' на туризмот“.