Духот на слободата: 75 години Радио Слободна Европа
Од фронтовските линии на Студената војна до рововите на Украина - Архивските фотографии ја раскажуваат приказната за Радио Слободна Европа, кое започна да емитува програма на Денот на независноста на САД пред 75 години.

5
Главната предавателна станица на РСЕ во Глорија, во близина на Лисабон, Португалија.РСЕ и Радио Либерти управуваа со моќни предаватели на кратки бранови во Германија, Шпанија и Португалија кои можеа да испраќаат сигнали до земјите во Источна Европа и СССР. Радио Либерти управуваше со предавателна станица во Тајван која ја испраќаше својата програма длабоко во Сибир.

6
Вооружен стражар чува камион со среднобранов радио предавател во Западна Германија, во близина на границата со Чехословачка, во 1955 година.Кога комунистичките држави почнаа да ги попречуваат РСЕ и Радио Либерти, РСЕ распореди десетици мобилни предавателни станици, како онаа прикажана на фотографијата погоре, кои можеа да работат во близина на Железната завеса.
![Унгарци соберени околу соборената статуа на Јосиф Сталин во средината на револуцијата во 1956 година.Во 1956 година, РСЕ беше критикувана за емитување на она што многумина го сметаа за поттикнување на антикомунистичко востание во Унгарија. Револуцијата беше задушена од советската армија, при што загинаа илјадници луѓе. Размислувајќи за емитувањата на РСЕ во Унгарија во 1956 година, кои вклучуваа некои технички совети за одржување на револуционерниот моментум, еден од поранешните директори на РСЕ заклучи дека „функцијата на [радиото] никогаш не била да им кажува на луѓето што да прават - особено во услови на насилни превирања“.](https://d163tfxdgfhyhr.cloudfront.net/FE8C5DBB-32B3-4269-9A01-29D1D113894F_w1024_q10_s.jpg)
7
Унгарци соберени околу соборената статуа на Јосиф Сталин во средината на револуцијата во 1956 година.Во 1956 година, РСЕ беше критикувана за емитување на она што многумина го сметаа за поттикнување на антикомунистичко востание во Унгарија. Револуцијата беше задушена од советската армија, при што загинаа илјадници луѓе. Размислувајќи за емитувањата на РСЕ во Унгарија во 1956 година, кои вклучуваа некои технички совети за одржување на револуционерниот моментум, еден од поранешните директори на РСЕ заклучи дека „функцијата на [радиото] никогаш не била да им кажува на луѓето што да прават - особено во услови на насилни превирања“.

8
Дописникот на РСЕ од Берлин, Том Бодин, разговара со американски војник за време на заедничката англо-американска вежба во шумата Груневалд во Западен Берлин во 1964 година.Радиото се сметало за идеален медиум за допирање до населението што живеело под репресивни режими, делумно затоа што не оставало никаква инкриминирачка трага. Слушателите можеле да го слушаат емитувањето, а потоа едноставно да ја менуваат фреквенцијата.