Разорните поплави во Романија однесоа човечки животи
Пет лица загинаа, а стотици луѓе мораа да бидат евакуирани по обилните дождови што ја погодија источна Романија ноќта на 13 септември. Многу патишта беа затворени во двата округа, а надојдените води на некои локации достигнаа висина од три метри.

1
Пожарникар носи постара жена на грб во градот Кудалби, област Галати, 14 септември 2024 година.

2
Градот Печеа во округот Галати е меѓу местата најтешко погодени од поплавите поради обилните дождови во последните денови.

3
Пожарникар спасува куче. Поплавите во ноќта од 13 до 14 септември најмногу ги погодија областите Галати и Васлуи.

4
Пожарникарите и помагаат на една жена од градот Кудалби да излезе од подрачјето погодено од поплавите.