Руски „лизгачки“ бомби удрија во домовите во Запорожје
Тешки бомби опремени со крила и системи за навигација погодија неколку локации во југоисточниот украински град Запорожје на 29 септември, при што беа повредени најмалку 16 лица, меѓу кои и деца.

1
Повредена жена е извлечена од станбен блок во Запорожје. Локалните власти велат дека бомбите удриле околу зори, кога повеќето жители спиеле.

2
Владислав (14) стои во близина на станот на неговото семејство во Запорожје, откако беше уништен од руска бомба на 29 септември.

3
Последиците од нападот со лизгачка бомба. Властите во Запорожје соопштија дека 16 лица биле ранети во три различни предградија на градот од налетот на бомби лансирани од руски авиони.

4
Последиците од експлозијата на бомба за која се верува дека била 500 килограми, советски дизајниран FAB-500 опремен со крила за лизгање и сателитска навигација