Оружјето што Северна Кореја може да ѝ го обезбеди на Русија
Поглед на арсеналот на оружје на Северна Кореја, што рускиот претседател Владимир Путин очигледно се надева дека ќе го добие, додека руската воена машина продолжува со својата целосна инвазија на Украина

1
Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на 13 септември го посетија космодромот Восточни на далечниот исток на Русија.
Состанокот доаѓа во време кога руската инвазија на Украина продолжува да го согорува арсеналот на Кремљ и еден месец откако Ким ги повика производителите на оружје во неговата земја „драматично да го зголемат“ производството.

2
Ким и Путин се ракуваат за време на средбата на 13 септември.
Путин речиси потврди дека ќе бара договор за вооружување со Северна Кореја, одговарајќи на прашање за воената соработка.
„Ќе разговараме за сите прашања без брзање. Има време“, рече тој.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на 12 септември рече дека „природно, како соседи, нашите земји соработуваат во одредени чувствителни сфери кои не треба јавно да се откриваат или објавуваат“.

3
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун (втор од десно) стои покрај возила за лансирање балистички ракети со краток дострел на фотографијата објавена на 14 август.
Целосната руска инвазија на Украина доведе до илјадници уништени или заробени тенкови и оклопни возила на Москва. Кремљ изгуби и најмалку стотици ракетни артилериски и други системи за оружје, како и голем број борбени авиони и хеликоптери.
Киев се соочи со слични запрепастувачки загуби на опрема, во однос на големината на неговата војска, но досега доби милијарди долари воена помош од Западот.

![Фотографија објавена во март 2016 година покажува артилериска вежба на плажа во Северна Кореја. Администраторот на популарниот налог за следење оружје Калибар Обскура (Caliber Obscura), за РСЕ изјави дека Кремљ се среќава со Ким, кој има значаен арсенал, бидејќи „можеби станува јасно дека руското домашно производство на [оружје] е недоволно за војната, и може да биде многу тешко или да биде потребно време за да се зголеми“.](https://d1yincorlhuzr9.cloudfront.net/01000000-0aff-0242-da39-08dbb4358658_w1024_q10_s.jpg)
4
Фотографија објавена во март 2016 година покажува артилериска вежба на плажа во Северна Кореја.
Администраторот на популарниот налог за следење оружје Калибар Обскура (Caliber Obscura), за РСЕ изјави дека Кремљ се среќава со Ким, кој има значаен арсенал, бидејќи „можеби станува јасно дека руското домашно производство на [оружје] е недоволно за војната, и може да биде многу тешко или да биде потребно време за да се зголеми“.