Косовската полиција го засили присуството во северна Митровица
Тројца припадници на косовската полиција се повредени при денешната акција на северот на Косово, соопшти министерот за внатрешни работи, Џелал Свечља. Тој соопшти дека во акцијата бил уапсен еден од организаторите на нападите врз припадниците на КФОР.

1
Косовската полиција во денешната акција го упаси Милутин Миленковиќ, осомничен дека е организатор на нападите врз КФОР

2
Миленковиќ, според косовските власти, е еден од водачите на криминалната формација „Цивилна одбрана“

3
Во акцијата биле повредени тројца косовски полицајци

4
Во северна Митровица се слушнале и сирени за тревога