Нови фотографии од единиците за интензивна нега на неколку болници во Букурешт го прикажуваат размерот на здравствената криза што сега ја зафаќа Романија.
Романските болници под товарот на ковид-19

1
Медицински персонал е опкружен со пациенти со ковид-19 во одделот за интензивна нега на болницата Багдасар-Арсени во Букурешт на 19 октомври.

2
Пациенти со коронавирус во единицата за интензивна нега на болницата Багдасар-Арсени во Букурешт. Лекарот за интензивна нега Клаудиу Русу за Ројтерс изјави дека болниците во главниот град се преоптоварени. „Нема доволно простор за преземање на сите случаи“, рече тој.

3
Пациент со ковид-19 го запишува телефонскиот број на неговата ќерка за медицинскиот персонал во болницата Багдасар-Арсени.

4
Истиот ден кога овие фотографии беа направени во болницата Багдасар-Арсени, Романија потврди рекордно високо ниво од 18.863 нови инфекции со ковид-19 и 574 смртни случаи во еден ден.