Самоукиот кавалџија Јупи Иљаз Од Битола она што не умее поради нејасниот говор да го изговори, го изразува преку музика. Не знае ни името да си го напише, ни колку години има, но сепак „везе“ македонски народни песни на неговиот кавал.
Она што не може да го изговори со збор поради нејасниот говор, самоукиот музичар Јупи Иљаз, штитеник на битолскиот Дом за стари лица, го кажува преку музика. Не знае ни името да си го напише, ни колку години има, нити да чита ноти, но сепак „везе„ македонски народни песни на неговиот кавал. Музичкиот инструмент му е единстевната друшка во старските дни, а на другите старци будилник во утринските часови. Штом се појави сонцето на хоризонтот, старецот го фаќа кавалот и музиката не само што го исполнува старскиот дом, туку и околните маала. Потоа застанува под некоја дебела сенка на улица и го продолжува целодневниот концерт. Похуманите минувачи му даваат по некој денар да го разлади грлото со сок или пиво.
.
„Свирам некој динар да извадам, за кејф. Од Виљуше отидов во Гостивар. Пасев стока туѓа и моја.Од тогаш свирев на кавал. Сам се учев да свирам од мали нозе.“
раскажува Иљаз.
Првиот кавал го купил уште како дете додека пасел стока низ Гостиварско. Вели дека луѓето тешко го разбирале што имал да им каже, па затоа до нив се доближувал со песната. Но, музиката колку и убваво да звучела, не успеала да му улови девојка. Животот го минал сам, а откако неговите браќа заминале на печалба во Италија, остана со својот кавал. Тогаш социјалните служби од Гостивар, бидејќи бил социјален случај и неспособен сам да се издржува, му нашле сместување во старскиот дом „Сју Рајдер„ Четири години е во Битола, но по песната веднаш се препознава од каде му се корените. Од кавалот најчесто извираат звуците на мелодијата “Навали се Шар Планина“.
Иљаз е најсреќен за празниците кога домот го посетуваат музичари за да им го разубават секојдневието на старците. Тогаш застанува до нив, по кошула и црвена вратоврска и дува во кавалчето. Но, понекогаш им свири и на штитениците во домот, оние подвижните, посебно кога ќе се вљубат на старост и ќе си најдат друшка покрај себе, а верувајте ги има такви.