„Продолжив да сонувам“: Бранителите на Мариупол се враќаат во Украина на Денот на независноста

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Вкупно 115 воени заробеници се вратија од Русија во Украина на 24 август, Денот на независноста на земјата. Војниците беа донесени со автобуси на место кое украинските власти побараа да не се открива. Тоа беше 55 та размена на затвореници по целосната инвазија на Русија врз Украина пред две и пол години. Радио Слободна Европа разговараше со Андриј и Ихор, двајца ослободени регрути од Националната гарда. Нивната единица, бр. 3057, беше дел од украинските сили кои го бранеа градот Мариупол и се предадоа на Русија во мај 2022 година.