УНИЦЕФ предупредува за колапс на системот за водоснабдување во Газа

Војната предизвика големи разорувања на палестинската територија, додека ОН соопштија дека речиси целата популација на Газа е на работ на глад.

Газа се соочува со човечки предизвиканата суша по колапсот на водоводниот систем - соопшти Агенцијата на Обединетите нации за деца, УНИЦЕФ, на 20. јуни.


„Децата ќе почнат да умираат од жед. Само 40 проценти од капацитетите за производство на вода се функционални“, изјави за новинарите во Женева, портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер.


„Далеку сме под итните стандардни за питка вода за луѓето во Газа“, додаде тој.
УНИЦЕФ исто така, соопшти дека зголемувањето од 50 проценти на децата од шест месеци до пет години кои се хоспитализирани поради неухранетост во текот на април и мај во Газа, како и за половина милион луѓе кои страдаат од глад.


Оваа агенција исто така, информираше дека системот за дистрибуција на помош кој го води Хуманитарната фондација за ГАЗА (GHF) поддржана од страна на Израел и САД ја прави „ситуацијата уште поочајна“.

Видете и ова: Во страв од израелски напади, Иранците бараат засолниште во соседна Ерменија


Вчера (20 јуни) најмалку 25 лица кои чекале камиони со помош се убиени од израелски оган во Нецарим – соопштија здравствените власти во Појасот Газа. Ден претходно, најмалку 51 лице се убиени во израелските напади, вклучувајќи ги и дванаесетмината кои се обидувале да се приближат до центар управуван од GHF во централниот дел на Газа.


Во израелските напади во петокот, уште 12 луѓе беа убиени во текот на воздушниот напад кој ја погоди куќата на едно семејство во Деир Ал-Балах, со што бројот на жртви од тој ден се искачи на 37.


Од почетокот на израелската воена кампања во октомври 2023 убиени се повеќе од 55.3000 Палестинци – наведе Министерството за здравство.
Израел ја започна офанзивата по нападот на Хамас на 7 октомври, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе.

Видете и ова: Лидерите на групата Г7 не успеаја да постигнат амбициозни договори за клучни прашања


Според израелските податоци, 53 заложници сѐ уште се во Газа.


Војната предизвика големи разорувања на палестинската територија, додека ОН алармираа дека речиси целата популација на Газа е на работ на глад.