Русија истрелала рекордни 539 дронови и 11 балистички и крстосувачки ракети кон Украина во текот на ноќта, соопштија денеска (4 јули) украинските воздухопловни сили.
Украинската војска соопшти дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле вкупно 270 руски дронови во текот на ноќта.
Други 208 руски дронови биле или пренасочени со електронско војување или биле симулатори на дронови без боеви глави.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, во објава на „Х“ нагласи дека на Москва мора да ѝ се наметнат најстрогите санкции без одлагање.
„Доста е чекање! Путин јасно го покажува своето целосно непочитување кон САД и сите што повикаа на крај на војната. На Москва мора да ѝ се наметнат најстрогите санкции без одлагање. На Украина мора да ѝ се обезбедат сите потребни средства за да се одбрани. Погрешните одлуки можат само да го охрабрат агресорот да го ескалира теророт. Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи постапките и одговорите на Путин на нив. Ако се извлече со сето ова, сите ќе добијат многу јасна порака. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да постигнете мир. Мир преку сила“, напиша Сибиха на платформата „Х“.
Видете и ова: Зеленски најави заедничко производство на дронови со САД среде извештаи за прекин на испораките на оружјеВо меѓувреме рускиот претседател Владимир Путин му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп, во телефонски разговор, дека Москва нема да се откаже од своите цели во Украина, додека последната надеж за прекин на огнот во војната што трае повеќе од 40 месеци се распаѓа.
Русија има за цел да ја освои Украина и повторно да ја стави независната држава под своја контрола. Таа ја почна инвазијата врз Украина на 24 февруари 2022 година.