Трка на автомобили заврши со сообраќајна несреќа која се случи доцна синоќа на булеварот Партизански Одреди, близу Сити мол. Според МВР настанот се случил во 25 минути кога неколку автомобили излетале од коловозот, покосиле неколку метални столбови и завршиле на тротоарите. Има повредени.
„Се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Рено каптур“ управувано до Д.И. (20) од Скопје и патничко возило марка „Ауди А-5“ управувано од Е.С. (20) исто така од Скопје. Во несреќата со телесни повреди се здобиле Е.С. како и неговите двајца сопатници А.И. (26) и Е.Б. (21) а констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и тие сите се пуштени на домашно лекување. Увид е извршен од увидна екипа при СВР Скопје а причинета е материјална штета од околу 200.000 денари“, се вели во соопштението од МВР.
Претходниот ден пак загина 17 годишно момче од Кичево кое со моторцикл „Хамачи“ се судрил со автомобил „Ауди“ управуван од 22 годишниот А.Е. од кичевското село Стрелци. Несреќата се случила на пресекот на улиците „Борис Кидриќ“ и „Мирко Милески“, а момчето им подлегнало на повредите на пат кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од друга страна безбедносниот систем Безбеден град, и камерите поставени на патиштата низ државата се уште не функционираат. Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски повтори дека кога ќе бидат ставени во функција зависи од измена на повеќе закони меѓу кои и кривичниот.
Видете и ова: Започна протестот во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“„За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Инаку Безбеден град треба да стартува од 1 јануари 2026 година најави поригорозни мерки за прекршоци во сообраќајот, меѓу кои и со конфискација на возило.
Според Тошковски во земјите каде овој систем е имлементиран има видливи резултати и најави дека ќе има и во државава.
Додаде дека во однос на вкупната сума за „Безбеден град“ нема информации, но забалежа дека „е сигурно многу“. -И затоа греота е што досега не бил ставен во функција така како што требало, жално е, но ние ќе го ставиме во функција и граѓаните конечно ќе го видат бенефитот затоа што потенцијал има огромен, подвлече Тошковски.
Во отчетот министерот Тошковски рече дека се уште не е задоволен од фактичката состојба во сообраќајот.
Видете и ова: Дванаесет години затвор за возачот кој ја прегази Фросина„Има напредок, има намалување на тешките несреќи и бројот на повреди, но се уште премногу луѓе гинат на улиците. Ова е едно од најважните работи на кои работиме, порача министерот за внатрешни работги Тошковски.
Инаку неколку сообраќајни незгодисо жртви кои се случија во последнава година во главниот град Скопје, ја вознемирија јавноста. Последен е случајоит кога повозрасен маж беше прегазен и загина откако во него удри мотор управуван од возач кој избега од местотот на несреќата коај се случи во обележана пешачка зона пред зградата на жртвата. За возачот откако е пронајден истрагата е започната, судот му одреди домашен притвор на кој се жали обвинителството.