Евакуација по руските напади врз клучниот мост во Херсон
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Жителите на округот Корабелниј во градот Херсон брзаат да се евакуираат, бидејќи расте стравот дека ќе бидат отсечени од руското бомбардирање. На 2 август, бомби го погодија главниот мост што го поврзува островскиот округ со главните делови од градот. Континуираните воздушни напади дополнително го оштетија мостот, но жителите открија дека засега сè уште можат да преминат. Спасувачите им помогнаа на стотици луѓе да стигнат до определена безбедност на северниот брег на реката Кошева.