Геноцид низ очите на дете: „Остани со мене, не се одвојувај ни за секунда“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во јули 1995 година, Адем имал осум години. Се сеќава како го напуштил своето родно село Саставци во близина на Сребреница со мајка му и помладата сестра. Исто така, се сеќава на автобусите и камионите, како и на обидот на војниците на Армијата на Република Српска да го одвојат од мајка му кога пристигнале во Поточари, дел од заштитената зона на Обединетите нации. Во тоа време, момчињата и мажите биле одвојувани од жените и девојчињата - многумина биле убиени во злосторството што Меѓународниот суд на правдата во Хаг го класифицира како геноцид во 2007 година.