Москва тестира контроверзен дигитален надзор врз мигрантите?
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Мигрантите во Московскиот регион сега можат да се регистрираат кај руските власти преку апликација наречена Амина, без сопствениците на станови или посредници. Но, има една замка: апликацијата ќе ја пренесе нивната геолокација до Министерството за внатрешни работи. Властите ја нарекуваат иновацијата „погодност за мигрантите“. Активистите за човекови права ја гледаат како инструмент за контрола и кршење на човековите права. Тие тврдат дека ова не е само за мигрантите: властите тестираат систем за дигитален надзор што на крајот би можел да се примени на самите руски граѓани.