Нереди во Лос Анџелес поради акцијата на службата за имиграција

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Тензиите во Лос Анџелес ескалираа вчера, кога илјадници демонстранти излегоа на улиците откако американскиот претседател Доналд Трамп испрати голем број припадници на Националната гарда. Демонстранти го блокираа главниот автопат и запалија возила додека полицијата употреби солзавец, гумени куршуми и шок-бомби. Многумина од демонстрантите се разотидоа со мракот, а полицијата ги прогласи протестите за незаконски.