Сведоштва на преживеани Украинци, евакуирани од село каде што во руски напад загинаа 25 пензионери
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Преживеаните од рускиот воздушен напад, во кој загинаа 25 пензионери кои беа собрани да ги земат своите пензии, го опишаа шокот и тагата за украинскиот сервис на РСЕ. Додека волонтерите им помагаа да го евакуираат селото Јарова во регионот Донецк, една жена рече дека била поштедена само затоа што двајца мртви мажи паднале врз неа.