Продолжуваат протестите на опозицијата во Грузија
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Грузиските демонстранти ги продолжија секојдневните протести во главниот град Тбилиси на 9 септември, собирајќи се пред изборниот штаб на градоначалникот Каха Каладзе. На протестот претходниот ден, најмалку 10 лица беа повредени откако беа нападнати од поддржувачи на владејачката партија „Грузиски сон“. Демонстрантите одржуваат редовни собири речиси една година, а нивните активности се засилуваат пред локалните избори во октомври.