Трамп го менува ставот за оружјето за Украина, но не врши целосен притисок врз Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп

Кога американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека ќе даде „голема изјава“ за Русија, се шпекулираше дека тој би можел да искористи речиси 4 милијарди долари неискористена американска воена помош за Украина или конечно да воведе санкции врз Москва и нејзините главни трговски партнери.

Наместо тоа, Трамп на 14 јули објави дека европските членки на НАТО ќе испратат постоечки системи за оружје како што се ракетните системи „Патриот“ во Украина, а потоа ќе ги заменат со купување нови од Соединетите Држави.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој му се придружи на Трамп во Белата куќа за време на обавата, рече дека вредноста на оружјето што ќе биде испратено во Украина ќе биде во милијарди долари, но двајцата не дадоа дополнителни детали за видот на оружјето или временската рамка.

Според „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на два извори запознаени со стратегијата, пакетот помош за Украина би можел да вреди 10 милијарди долари.

Оваа „важна изјава“ покажува дека Трамп го променил својот став кога станува збор за снабдување со оружје на Украина.

Сепак, кога станува збор за рускиот претседател Владимир Путин, Трамп се чини дека не е подготвен да го стори истото.

Трамп ѝ даде на Русија, која напредува на бојното поле од минатата година, дополнителни 50 дена да се согласи на прекин на огнот, пред да се закани со економски санкции врз земјите што тргуваат со Русија, што би можело да ја натера Москва да се согласи на преговори.

„Разговорите со него се многу пријатни, а потоа навечер ракетите почнуваат да паѓаат“, рече Трамп, осврнувајќи се на речиси секојдневните ноќни воздушни напади на Русија врз цели низ Украина.

„Не сакам да кажам дека е убиец, но е „тежок“ човек. Тоа се покажа со текот на годините. Излажал многу луѓе“, додаде тој.

Видете и ова: Пред „големата изјава“ за војната во Украина, Трамп вети испраќање на системи „Патриот“ во Киев

Трамп го стави завршувањето на војната во Украина како еден од своите главни приоритети во надворешната политика, одржувајќи најмалку шест разговори со Путин и испраќајќи го својот претставник, Стив Виткоф, во Москва три пати за да разговара за мир со Кремљ.

Сепак, Путин постојано го отфрлаше барањето на Трамп за 30-дневен прекин на огнот, одговарајќи на американскиот претседател со интензивирање на воздушните напади врз Украина.

Трамп, кој постојано го изразуваше своето восхитување кон Путин како лидер и го опиша нивниот однос како „многу добар“, рече дека сметал дека четири пати бил блиску до постигнување договор за завршување на војната, но сите не успеале.

„Многу сум разочаран од претседателот Путин, бидејќи мислев дека ќе имаме договор пред два месеци, но се чини дека тоа нема да се случи“, рече Трамп.

Џон Харди, заменик-директор на Програмата за Русија во Фондацијата за одбрана на демократиите, рече дека изјавите на Трамп покажуваат дека тој се движи „во вистинската насока“ во врска со Украина, но ја доведе во прашање потребата да му се даде повеќе време на Путин.

„Путин веќе јасно стави до знаење дека нема намера сериозно да преговара во овој момент, па затоа не знам зошто Трамп сè уште чека со санкциите“, изјави Харди за Радио Слободна Европа.

Сепак, изјавата на Трамп претставува негова најголема јавна поддршка за Украина откако ја презеде функцијата во јануари.

Досега, Трамп не испрати нова воена помош за Украина, надевајќи се дека ќе може да го освои Путин и да ја заврши војната на почетокот на неговиот мандат. Неговиот претходник, претседателот Џо Бајден, одобри воена помош од 67 милијарди долари, но остави речиси 4 милијарди долари неискористени кога ја напушти функцијата.

Трамп постојано ја критикуваше помошта на Бајден за Украина за време на изборната кампања, промовирајќи ја својата политика „Америка на прво место“. Со претставувањето на најновата пратка оружје за Украина како продажба преку НАТО, Трамп може да каже дека ги исполнува своите предизборни ветувања.

Руските претставници ги отфрлија коментарите на Трамп.

„За 50 дена, многу работи можат да се случат на бојното поле и во анкетите што ја мерат поддршката за западните влади. Клучно е ова да не влијае на нашето расположение на никаков начин“, рече заменик-претседателот на Советот на Руската Федерација, Константин Косачев, во објава на Телеграм.

Главниот руски берзански индекс, MICEX, скокна за 2,7 проценти по коментарите на Трамп, што е знак дека руските инвеститори очекуваат построги мерки од Белата куќа.

„Значајна“ промена

Чарлс Купчан, виш соработник во Советот за надворешни односи, рече дека промената во ставот на Трамп кон Русија и Украина е „доста значајна“.

Во невиден дипломатски потег, Трамп го избрка украинскиот претседател Володимир Зеленски од Овалната соба во февруари по дискусијата за војната емитувана во живо.

Кина, Индија и Турција се големи купувачи на руска нафта. Турција е членка на НАТО, додека Индија е дел од дипломатското партнерство QUAD, кое ги вклучува и САД, Австралија и Јапонија.

„Нема да биде лесно да се изврши притисок врз Индија, бидејќи таа е партнер на Америка во QUAD, додека Кина има одредена моќ над САД во одредени области, како што се ретките земни метали“, изјави Кортни за Радио Слободна Европа.

Си-Ен-Ен подоцна објави, повикувајќи се на неименуван функционер од Белата куќа, дека кога Трамп зборувал за „секундарни тарифи“, всушност мислел на 100-процентни царини за руски стоки и секундарни санкции против други земји што купуваат руска нафта.

РСЕ не можеше веднаш да ги потврди овие обвинувања.

Секундарните санкции се моќна алатка и би можеле да ги принудат финансиските институции и другите субјекти во Кина, Индија и Турција да избегнуваат водење бизнис со Русија.

Клучот е во имплементацијата.

Видете и ова: Во услови на застој во преговорите, Русија значително ги зголеми воздушните напади врз Украина

Откако ја презеде функцијата, Трамп не воведе никакви нови економски санкции против Русија,што го ослабна целокупниот режим на санкции против таа земја. За да се спречат обидите за заобиколување на постојните санкции, на пример преку основање фиктивни компании, мора редовно да се воведуваат нови санкции.

Спроведувањето на санкциите исто така се забави под Трамп, а досега е издадена само една казна против лица кои ги заобиколуваат санкциите против Русија. Експертите предупредуваат дека воведувањето нови санкции без засилено спроведување го намалува нивниот ефект.

„Не мислам дека постои вистинска политичка волја за спроведување санкции против Русија, за разлика од, да речеме, политиките за контрола на извозот против Кина или дури и санкциите против Иран“, изјави минатата недела за РСЕ Рејчел Зиемба, аналитичарка во Центарот за нова американска стратегија.

Во меѓувреме, Кимберли Донован, експерт за санкции во Атлантскиот совет во Вашингтон, изјави дека ако САД сакаат да ја доведат Русија на преговарачка маса, мора да заземат построг став кон руската нафтена индустрија.

„Мислам дека треба да преземеме чекори за санкционирање на руската нафта, слично на она што го направивме со Иран, како средство за вршење притисок врз Путин“, рече таа.

Производството на нафта во Иран нагло се намали по санкциите на САД, кои ја уништија економијата на земјата.

Купчан рече дека усвојувањето на законот за санкции против Русија би имало „симболично значење“ дури и ако Трамп имплементира само делови од него.

„Тоа му испраќа порака на Путин дека Трамп е подготвен да го засили притисокот“, рече тој, додавајќи дека би можеле да следат дополнителни чекори против Русија.

Трамп го обвини украинскиот лидер Володомир Зеленски, кој побара повеќе оружје, дека не сака да ја заврши војната. Неколку дена претходно, Трамп го нарече „диктатор“, термин што никогаш не го употреби за Путин, кој владее со Русија повеќе од четвртина век.

Сепак, Украина подоцна се согласи со барањето на Трамп за 30-дневен прекин на огнот, додека Путин одолговлекуваше, поставувајќи барања што Киев и западните претставници ги сметаа за неразумни.

Додека руските напади врз украинските градови продолжуваа, убивајќи стотици цивили и додека Трамп се обидуваше да посредува во прекин на огнот,американскиот претседател почна да изразува фрустрација кон Путин, нарекувајќи го „луд“ и велејќи дека е „разочаран“ од рускиот лидер.

„Видовте како Трамп во последните неколку месеци постепено се движи кон поцврст став кога станува збор за конфронтација со Путин. Мислам дека денешната изјава не отиде толку далеку колку што можеше, но има конкретен напредок“, изјави Купчан за Радио Слободна Европа.

Бил Кортни, поранешен американски дипломат и аналитичар на RAND Corporation, рече дека Трамп вложил многу труд за да се стави крај на војната, а отфрлањето на неговиот пристап од страна на Путин е „прилично срамно“ за администрацијата. Сепак, тој додаде дека Путин сега „претерал“ и дека го свртел Трамп против него.

Санкции и царински давачки

За време на состанокот во Овалната соба, Трамп изјави дека ќе воведе „секундарни царини“ ако Русија не се согласи на прекин на огнот во рок од 50 дена, односно до почетокот на септември.

Неговите коментари беа нејасни и предизвикаа забуна околу тоа што точно мислеше.

Американскиот претседател не појасни кои земји ќе бидат погодени од тие царини.

Законот за санкции против Русија во американскиот Конгрес ја користи истата формулација и ги таргетира земјите што купуваат руска нафта.

Извозот на нафта сочинува околу една третина од приходите во федералниот буџет на Русија.