Верниците во Ватикан се простуваат од поглаварот
Набргу откако се прошири веста за смртта на папата, пред базиликата Свети Петар почнаа да се собираат верници, туристи и претставници на медиумите.
Илјадници луѓе на Via della Conciliazione, која води до плоштадот Свети Петар во Ватикан.
Човек со бела роза, дојден да му оддаде почит на папата Франциск, кој почина еден ден откако им се обрати на верниците на истото место по повод Велигден.
Калуѓерки во молитва. Папата Франциско од почетокот на годинава имаше респираторни проблеми, а од болница беше отпуштен на 23 март.
Верниците доаѓаат во Ватикан по повод смртта на папата. Роден како Хорхе Марио Бергољо, папата Франциско е првиот језуит на таа позиција и првиот папа од американскиот континент.
Луѓе фотографираат додека се собираат во Ватикан по веста за смртта на папата.
Жена во молитва на плоштадот Свети Петар.
Сувенири со ликот на папата, недалеку од плоштадот Свети Петар.
Ѕвоното во базиликата Свети Петар бие по повод смртта на папата Франциско.