За малите херои: Атлетичарот Антонио Пандовски собира донации за Детската клиника

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Триесетгодишниот, Антонио Пандовски организира донаторска акција за децата кои се лекуваат на Детската клиника во Скопје. Во нивна чест, тој претходно трчаше до Острог во Црна Гора. Ова место сакал да го посети со својата мајка, но откако желбата не успеала да се оствари поради нејзината прерана смрт, тој 18 дена трчаше до таму испраќајќи порака на надеж за „сите мали херои“.