„Зеленски е подготвен за преговори“ - изјави Трамп во Конгресот
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше на заедничката седница на Конгресот на 4 март, истакнувајќи ги брзите политички активности што ги спроведе во првите шест недели од неговиот втор мандат. На тема Украина, Трамп рече дека претседателот Володимир Зеленски ја изразил својата желба да дојде на преговарачка маса и да потпише договор за пристап до минерали, и покрај неуспехот во разговорите меѓу лидерите минатата недела.