Новинарската кариера ја започна во 2015 година во Канал 5 телевизија како репортер во информативната програма. Родена е на 15.03.1992 година во Скопје. Од јануари 2022 година работи како соработник на Радио Слободна Европа од Скопје.
Дојави за бомби и денеска ги испразнија училиштата. Овие досега лажни аларми предизвикаа хаос во образованието. Учениците губат настава, наставниците мака мачат да ја надоместат, родителите револтирани од целокупните состојби.
Лажни и измислени интервјуа со познати лекари на Интернет преку кои граѓаните се доведуваат во заблуда за да купат медицински препарати. Тројца лекари ги пријавиле злоупотребите, но МВР уште ги бара сторителите, а лажните реклами и натаму се објавуваат.
Секоја година во земјава околу 6.000 луѓе во просек се дијагностицираат со рак, а ракот е и втора најчеста болест од која се умира во земјава. Пациентите во немилост заради игри со тендерите за набавка на лекови, државата го скрати буџетот за рано откривање на некои видови рак, а превентива - нема.
Во спомен на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија во државава денеска е ден на жалост. Скопјани се сеќаваат на солидарноста со која Скопје беше повторно изградено, но и со сомнеж гледаат во новите градби за кои градежниците и сеизмолозите не можат да кажат дека сите се безбедни.
Турските студенти во Македонија отворија пункт за донации на скопскиот плоштад за да им помогнат на нивните сограѓани кои го преживеаја страотниот земјотрес во Турција. Голем број македонски граѓани се одзваа на повикот, со надеж дека помошта ќе стигне до оние на кои сега им е најпотребна.
Од Инфективната клиника велат дека во цела држава нема серум против беснило поради проблеми со тендерите. Повеќе од 40 години нема регистрирано случај на беснило, но сепак, лекарите предупредуваат дека државата мора да располага со одредени количини од серумот ако се појави потреба.
Лекот за цистична фиброза ќе биде достапен само за осум пациенти, додека другите ќе чекаат законски измени за лекот да биде набавен директно од производителот, соопшти министерот за здравство, Сали. Пациентите разочарани за утре најавија повторно протест пред Владата.
Децата се лесни жртви на социјалните мрежи и институциите и граѓанските организации се загрижени што за случаите доцна се дознава. Што се случува со децата жртви откако ќе се откријат злоупотребите и сторителите?
Македонија е единствена земја во регионот која не ја обезбедува терапијата која ја бараат пациентите со цистична фиброза. Лекот трикафта се дава во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, додека македонските пациенти чекаат на калкулациите што ги прави Министерството за здравство и Владата
Игор е еден од стотина пациенти со Цистична фиброза кои се бори државата да обезбеди нова терапија за лекување. Во меѓувреме деновите најчесто ги поминува во болница. Има 31 година. Додека чека на лекот вели не може да ја планира иднината, да си оформи свое семејство, како сите други.
Македонските здравствени власти се обидуваат да го зголемат опфатот со вакцинација за да спречат нова епидемија со морбили. Лани 209 родители добиле казна за невакцинирање на своите деца. Лекарите предупредуваат дека станува збор за заразна болест, која може да донесе тешки компликации кај децата.
Стотици лица годишно се жртви во сообраќајни несреќи, што е далеку од европскиот просек. Најчеста причина за сообраќајките е пребрзо возење. Семејствата на жртвите реагираат на ниските казни за сторителите. Новите измени во кривичниот закон со построги казни се уште не се усвоени.
Само во првата половина од 2022 регистрирани се вкупно 3.567 сообраќајни незгоди, од кои 46 се со смртни последици. Во најголемиот дел причината е пребрзо возење. Непочитување на сообраќајните правила има и кај возачите, но и кај пешаците.
Недостигот од педијатри кулминира, а здравствените власти се уште бараат начин како да го решат проблемот, макар и привремено. Во меѓувреме со сезоната на грипови и аерозагадувањето, бројот на деца на кои им треба лекарска помош расте, а лекарите прават натчовечки напори за да ги прегледаат сите.
Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски, кој за време на пандемијата беше во првите борбени линии, хуманата мисија ја продолжува со помагање на лицата со атипичен развоје. Вели дека во секого може да се препознае што може да направи и да се вклучи во заедничкото секојдневие.
Еден од најпопуларните здравствени работници, Денис Јанкуловски, кој за време на пандемијата ги охрабруваше и беше омилен кај пациентите, хуманата мисија сега ја продолжува со помагање на лицата со атипичен развој. Денис годинава ја доби државната награда за придонес во борбата за човекови права.
По ковид пандемијата сега инфлацијата го расипа расположението за новогодишните празници. Се резервира во рестораните, но не е како порано, домашните хотели ќе останат полупразни, а поради економската криза голем дел од граѓаните за новогодишните празници ќе останат дома.
Поскапувањата „го изедоа“ новогодишното расположение. Граѓаните што ги анкетиравме велат годинава празниците ќе ги поминат скромно.
Од 1 декември 2021 година се забрани употребата на пластични кеси за еднократна употреба во Македонија, но дел од активистите сметаат дека не се постигна намалување на отпадот од пластика како што се планираше. Пропустот, велат, е кај министерството за животна средина кое треба да најде решение.
Историчарите бараат негово итно повлекување, авторите се оградуваат, предупредиле за пропустите, а родителите загрижени за образованите на нивните деца. Надлежните молчат.
Вчитај повеќе