Новинарската кариера ја започна во 2015 година во Канал 5 телевизија како репортер во информативната програма. Родена е на 15.03.1992 година во Скопје. Од јануари 2022 година работи како соработник на Радио Слободна Европа од Скопје.
Украсувањето во Скопје речиси секоја година зависи и од политиката. Изминативе две години пандемијата ги засени новогодишните празници, сега и енергетската криза. Уште е неизвесно дали Скопје воопшто ќе биде украсено, а скопските општини не планираат пари за тоа.
Речиси две недели до крајот на полугодието, а учениците треба да ги одработат пропуштените часови поради дојавите за бомби кои веќе со недели ги празнат училниците. Онлајн, дополнителни часови, продолжување на учебната година, како ќе се надоместуваат изгубените часови?
Паушални сметки, нередовно читање и замена на водомерите се само дел од поплаките кои често може да се слушнат на шалтерите на „Водовод“. Од претпријатието тврдат дека службите реагираат, експертите велат резултатите од работењето се резултат на децениското вработување по партиски клуч.
Спортската сала наменета за студентите на УКИМ, чија изградба ја чинеше државата 2,5 милиони евра е претворена во руина и целосно демолирана. Од Агенцијата за млади и спорт велат се прават проценки на штетите и следната година очекуваат да биде пуштена во употреба.
Приватните превозници втор ден по ред блокираат во Скопје . Градоначалничката не одговара на барањата за средба. Тие бараат разбирање од граѓаните и не покажуваат намера да ги тргнат автобусите. Граѓаните живeaт во сообраќаен хаос, тешко се стигнува и на училиште, на работа, па и до болница.
Доцнење, преполни постојки и автобуси,откако приватните автобуси не сообрааќат, дел од граѓаните се жалат на намалената фреквенција на линиите, преполните постојки и автобуси, поради што велат дека често пати се случува да доцнат, да патуваат предолго или да бараат алтернативи за превоз.
Утринава приватните превозници автобусите ги паркираа на раскрсницата кај трговскиот центар Мавровка во знак на протест. Сообраќајот во Скопје е речиси целосно блокиран. Приватните автобуски превозници бараат од премиерот да и се одземат ингеренциите на градоначалничката Арсовска.
Приватните превозници денеска ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во центарот на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должи ЈСП и градот Скопје. Велат, блокадите ќе продолжат и во наредните денови.
Д-р Орхан Зекири, педијатар со 35 годишно работно искуство и началник на детското одделение во охридската болница, кое се соочува со недостиг од лекари во интервју за Радио Слободна Европа вели дека комплетниот здравствен систем треба да се менува од корен.
Тргни-застани, вакво е возењето во автомобил низ главниот град. Раскопани улици, прашина и колони возила е секојдневна слика. Скопјани велат им пречи но навикнати се веќе да живеат во гужвата и хаосот
Полицијата се уште истражува кој стои зад лажните дојави за бомби во средните училишта. Колку државата ја чинат антитерористичките проверки во училиштата е класифициран податок, велат од МВР. Во меѓувреме лажните закани продолжуваат. Вчера беа евакуирани ученици во седум скопски средни училишта.
Имаме причина да бидеме загрижени, велат дел од лекарите по извештајот на СЗО кој покажува дека една третина од децата имаат прекумерна телесна тежина. Предупредуваат дека дебелината е ризик за појава на многу болести, меѓу кои и дијабетот тип 2, кој се повеќе се јавува кај школските деца.
Донација на магнетни резонанци во болницата „8 Септември“ прославена со шампањ. Граѓаните 2 до 3 месеци чекаат термин за специјалистички прегледи. Пациенти за РСЕ раскажуваат дека од канцер се лечат приватно, оти немаат време да чекаат. Министерот за здравство прстот го впери во своите претходници.
Со мал апарат што се става близу местото на болка или воспаление и преку интернет неколку лекари во земјава ќе можат да дадат дијагноза или да лекуваат без физички контакт со пациентите. Ова е пилот проект со кој Министерството за здравство пробува како ќе функционира телездравството.
Министерството за здравство започна пилот програма со употреба на апарати за лекување и следење на пациентите од далечина. Велат сакаат да испитаат како овие апарати ќе обезбедат алтернативи на традиционалните здравствени консултации, но и да се зголеми пристапот до здравствени услуги.
Голем број на граѓани се жалат дека поради нередовно отчитување на струјомерите од страна на ЕВН, по неколку месеци добиваат висока сметка и автоматски влегуваат во најскапата тарифа за струја. ЕВН тврди секој месец се читаат броилата. До народниот правобранител секојдневно стигаат поплаки.
Од локалните избори помина точно една година. Едни го нудеа најдоброто за секоја општина, други се залагаа за промени, проекти и победи, трети имаа зелена, еколошка визија. Што е ветено, а што остварено? И што мислат граѓаните? Колку кризата ќе скрати од буџетите за нови проекти?
Катни гаражи, нови детски градинки, патишта и зелени општини. Ова беа само дел од ветувањата предизборните програми на кандидатите за градоначалници. По една година ги прашавме граѓаните и дел од градоначалниците - што е остварено, а што не.
Вчитај повеќе